Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

субота, 5. новембар 2011.

Примена на Thinkquest во програмата за оценување за учeње во 21 век


Примена на Thinkquest во програмата за оценување 
за учeње во 21 век

Аида Петровска
Македонија, ОУ "Димитар Миладинов" Општина Центар Скопје

Кус опис на трудот:
Да живееш, значи да бидеш одговорен, како за своите дејствија, така и за дејствата на другите. Ако својата одговорност ја оставиш во туѓи раце, ја ризикуваш не само твојата иднина, туку и иднината на целата планета. На учениците треба да им помогнеме да ја прифатат својата одговорност, да ги насочиме, советуваме, проценуваме и даваме повратни нформации. Со таа цел треба се почесто да ја применуваме проблемската и проектната настава. Најуспешна и најевтина сорабока помеѓу учесниците при ваква настава е комуникацијата преку THINKQUEST. На тој начин ученците се следат како напредуваат, на какво ниво им е меѓусебната комуникација, благовремно добиваат помош и пишана повратна нформација. Сите вклучени ученици учествуваат во создавањето на проектот, бираат област за делување, поставуваат цели, одредуваат истражувачки активности, прават план за акција, креират продукти, реализираат, прават рефлексија (согледување на сработеното – добрите и лошите страни). Наставникот набљудува, охрабрува, мотивира, оценува. Со грижливо одбраните образовни активности кои подолго траат и во чиј фокус е ученикот, можеме да го оцениме преку неговиот труд кој може да биде мултимедијална презентација, рачна изработка, претстава и др.
Клучни зборови: Thinkquest програм, оценување, иновација, повратна информација, истражувачки проект.

Вовед

Со децении ја предвидувавме технолошката револуција и кога се случи и стана стандард, по малку се сопнуваме и ја одбегнуваме. Ако сакаме реално да ги глеме работите ќе забележиме дека технологијата попримила и хумани својства. Денес таа е главен креатор на знаење, а и обазованието станува се поважно. Сите образовни установи се редизајнирани од темел, целосно се смени креирањто и дистрибуцијата на знаењето. Олеснето е поучувањето, учењето и оценувањето. Предизвикот е голем да се управува со процесот на откривањто и креирањето на знаењето. Поучвањето паѓа во сенка на учењето. Денес можностите за учење се безгранични и доволно е да имаш желба да учиш и да го искористиш сето онаа што ти се нуди, да откриеш кои се твоите интереси, да се пронајдеш и реализираш. Денес наставникот не треба да е подучувач и единствен извор на информации туку координатор, набљудувач, поттикнувач, oхрабрувач, да ги активира учениците да учат преку проблеми, да истражуваат.

2. ОЦЕНУВАЊЕ

Штом од подучување преминеме на учење мораме да направиме измени и во оценувањето. Оценувањето треба да се изведува преку инструменти кои покажуваат како се учело. Учењето и оценувањето се возможни во технолошки опремените училнци кои се стандард во денешницава. Вистински напредок ќе се почуствува кога ученицте и наставниците ќе бидат технолошки опремени и дома, а во секое време ќе имаат пристап до интернет. Учениците треба да имаат веб страница или било какво мсото на кое ќе ги складираат своите продукти од активното учење. Оцената на ученикот најмногу треба да зависи од неговото портфолио за даден премет, во кое ќе бидат собрани продукти од неговото учење.
2.1. THINKQUEST програм
Најуспешна и најевтина сорабока помеѓу учениците е комуникацијата преку THINKQUEST. THINKQUEST e најголем и најбргу растечки некомерцијален светски програм за образование подржанн од интернет. Со користењето на овој програм на наставниците и учениците им е овозможено да раборат тимски и да учат пеку создавањето на свои соджини на интернет. Тие содржин подоцна се користат во образованието на другите учeници. Основа на филозофијата на THINKQUEST е дека луѓето најдобро учат преку работа. Наставникот му дава инстркци на ученикот и го внесува во проектот на thinkquest . Секој ученик ги уредува своите страници по сопствен избор, но под контрола на наствникот. Наставникот дава дозвола дали нешто ќе се објави или не. Секој ученик има можност да учествува во многу проекти на разни теми, од уметноста до природните науки, кои ги водат наставниците ширум светот. На тој начин учениците се следат како напредуваат, на какво ниво им е меѓусебната комуникација, благовремно добиваат помош и пишана повратна информација. Оваа е еден од подобрите начини за запознавање на учениците, ги откриваме нивните афинитети, способности и умеења. Доколку сите ученици би имале можност да бидат активни (да имаат пристап до интернет) полесно би ги насочувале во работата, помагале и оценувале. Сите вклучени ученици учествуваат во создавањето на проектот, бираат област за делување, поставуваат цели, одредуваат истражувачки активности, прават план за акција, креираат продукти, реализираат, прават рефлексија (согледување на сработеното – добрите и лошите страни). Наставникот набљудува, охрабрува, мотивира, изготвува формулар за оценување (самооценување). Секој проект започнува со ВОВЕД (првата страница) се состои од кус преглед, структура и корисни ресурси. Потоа следат ОПШТИ НАСОКИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ (втората страница) се состои од корисни совети за користење на thinkquest, листа со критериуми за слдење и оценување и други корисни совети за поектот. ИЗБОР НА ОБЛАСТ НА ДЕЛУВАЊЕ (трета страница) содржи неколку чекори : Поставување на бура од идеи, дискусија, поставување цели, одбирање тема. ИСТРАЖУВАЧКИ АКТИВНОСТИ (четвртата страница) содржи неколку чекори: Давање насоки за прибирање информации, Учениците прават анализа, селекција и класификација, Наставникот дава повратна информација. ПЛАНИРАЊЕ (петтата страница) содржи неколку чекори : Изготвување планови за акција, Бирање на најдобар план. КРЕИРАЊЕ НА ПРОДУКТ (шестата страница) содржи повеке чекори : Одредување на потребните ресурси, Креирање продукти, Финализација на продукти, Повратна информација, Објавување на продукти. РЕАЛИЗАЦИЈА (седмата страница) се состои од документи, фотографии, клипови, извештаи, презентации, постери од реализираната активност (дистрибуција на материјалот, претстава, изложба, натпревар, дејство на еко - пароли, дебати и др.) РЕФЛКСИЈА (осмата страница) содржи неколку чекори : Согледувањее на добрите и лошите страни на проектот, Извлекување заклучоци, Истакнувње на најакивните членови.

Како пример можеме да разгледме еден од проектите што го изработиле учениците од ОУ "Димита Миладинов " – Скопје, под менторство на наставникот – Аида Петровска:
http://www.thinkquest.org/pls/html/think.go?c=654632231

2.2 Листи за оценување

По завршувањето на проектот се вреднува работата на учениците со холистичка листа за оценување, евидентен лист за следење и вреднување на работа на ученикот во групата и листа за самооценување на проектната активност.

Холистичка листа за оценување
ОДЛИЧЕН (5)
- Активно учествува и го подобрува квалитетот на   
  проектот со свои прилози.
- Главните прашања во проектот се нагласени.
- Наведени се потребните ресурси за проектот.
- Креира уникатни продукти со добар квалитет.
- Добро организирана презентација , изобилува со 
  јасно поврзани податоци, покажана е самодоверба 
  при презентирањето.
- Ги користи алатките Brainstorm (Бура на идеи),  
  Debate (Дебата),Message Board (Табла за пораки) 
  самостојно, се со цел да го подобри своето знаење  
  или проектот.
- Креира и одржува листа самостојно, се со цел да 
  го подобри своето знаење или проектот.
- Креира страници самостојно, и истите ги користи 
  да го подобри своето знаење или
  проектот.
МНОГУ ДОБАР (4)
- Учествува со мал број сопствени прилози во 
  проектот со цел да го подобри.
- Главните прашања во проектот се јасно изложени.
- Наведени се неколкуте извори што се користат во 
  проектот.
- Креира продукти со превземени идеи со добар 
  квалитет.
- Добро организирана презентација, изобилува со 
  податоци кои во поголем број делови се
  поврзани, покажана е самодоверба при  
  презентирањето.
- Ги користи алатките Brainstorm (Бура на идеи), 
  Debate (Дебата), Message Board (Табла
  за пораки) самостојно, но, не е сигурен за улогата 
  на алатките.
- Креира листа самостојно, но, не е сигурен за 
  улогата на алатката List во овој проект.
- Креира страници самостојно, но, не е сигурен за 
  улогата на страниците и за тоа како да
  ги користи страниците во овој проект.
ДОБАР (3)
- Учествува во проектот со помош од соучениците 
  или наставникот, но не му е јасна
  улогата на проектот.
- Наведени се некои од главните прашања.
- Наведен е само еден извор што се користи во 
  проектот.
- Креира неоргинални продукти со слаб квалитет.
- Просечно организирана презентација,изобилува  
  со податоци кои во мал број делови се
  поврзани, несигурност при презентирањето.
- Ги користи алатките Brainstorm (Бура на идеи), 
  Debate (Дебата),Message Board (Табла
  за пораки) , со мала помош од наставникот или  
  друг ученик и не му е јасна улогата на
  алатката во овој проект.
- Креира листа со мала помош од наставникот или 
  друг ученик, но не му е јасна улогата
  на алатката LIST во овој проект.
- Креира страници со мала помош од наставникот 
  или друг ученик, но не му е јасна
  улогата на страниците во овој проект.
ДОВОЛЕН (2)
- Учествува во проектот со голема помош на 
  наставникот и со конфузија за улогата на
  проектот.
- Направен е обид да се забележат главните 
  прашања.
- Наведени се несоодветни извори.
- Се обидува да создаде продукт.
- Слабо организирана презентација,со недоволен 
  број на податоци кои се неповрзани
  покажана е несигурност во презентирањето.
- Ги користи алатките Brainstorm (Бура на идеи), 
  Debate (Дебата),Message Board (Таблаза пораки) , 
  со голема помош од наставникот или друг 
  ученик и не му е јасна улогата на
  алатките во овој проект.
- Креира листа со голема помош од наставникот или 
  друг ученик и со конфузија за улогата
  на алатката LIST во овој проект.
- Креира страници со голема помош од наставникот 
  или друг ученик и со конфузија за
  улогата на страниците во овој проект
НЕДОВОЛЕН (1):
- Воопшто или многу малку учествува во проектот   
  со свои прилози.
- Главните прашања се нејасни.
- Не се наведени никакви извори.
- Не креира продукти.
- Неорганизирана презентација, сиромашна со 
  податоци , насигурност во презентирањето
- Воопшто не ги користи алатките Brainstorm 
  (Бурана идеи), Debate(Дебата), Message Board   
  (Табла за пораки) и не му е јасна улогата на    
  алатките во овој проект.
- Воопшто не креира листа користејки ја алатката  
  List.
- Воопшто не креира страници на My pages.

ЕВИДЕНТЕН ЛИСТ ЗА СЛЕДЕЊЕ И ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТАТА НА УЧЕНИКОТ ВО ГРУПА ДА ДЕЛУМНО НЕ
1. Учествува во сите фази на  
    создавањето на проектот.




2. Добро соработува со поголем 
    дел од учениците во
    групата.




3. Го разбира проблемот и  
    размислува за откривање на      
    неговото решение.




4. Активен е во групата и дава  
    свои предлози со цел за
    унапредување на работата на  
    групата.




5. Врши проверка на собраните 
    информации и материјали.




6. Нуди доста информации и сите 
    се релевантни.




7. Добиените задачи ги исполнува 
    навремено.





ЛИСТА ЗА САМООЦЕНУВАЊЕ НА ПРОЕКТНАТА АКТИВНОСТ
1. Какво беше твоето учество во секоја фаза од 
    проектот?
2. Што научи од оваа практично искуство?
3. Кои се твоите силни страни во улогата што ја 
    маше превземено во процесот во  создавањето на 
    проектот?
4. Кои се твоите слаби страни?
5. Доколку би работел повторно на истиот проект,
    што би направил поинаку изошто?
6. Вреднувај ја твојата работа на часот со оценка од 
    1 до 5 и објасни зошто.
  1. заклучок

Со грижливо одбраните образовни активности кои подолго траат и во чиј фокус е ученикот, можеме да го оцениме преку неговиот труд кој може да биде мултимедијална презентација, рачна изработка, претстава и др. Учениците работат во групи, но во самата група ги споделуваат задачите и самостојно ги извршуваат. Овој начин на учење и оценување има свои предности, но и недостатоци и потешкотии при реализацијата. Нашите ученици и нивните родители се навикнати на традиционалната настава и не сакаат да бараат одговори на друго место освен во учебникот. Адаптацијата и популаризацијата на иновативните методи на учење и оценување е неминовна. Потребно е ученикот, а и родителот, да знаат што ќе се оценува, на кој начин ќе се оценува и на кој начин ќе се обработува одредениот материјал.

Нема коментара:

Постави коментар