Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

петак, 2. децембар 2011.

ЈАБОЛКО


МАКЕДОНИЈА - РИЗНИЦА НА ЗДРАВА ХРАНА
ЈАБОЛКО 
       Јаболково стебло најмногу се одгледува во светот, а како диво растело во Европа уште пред нашата ера. Питомото јаболко по потекло е од јужен Сибир и Азија. Стеблото може да биде високо до 12 m и има разгранета крошња со јајцевидни листови. Во мај се јавуваат цветови со бледо розова до бела боја, а плодовите созреваат од јули до октомври, во зависност од сортата. Има околу 10000 различни видови сорти, кои меѓусебно серазликуваат по вкусот, слаткоста или киселоста и по сочноста. Сите сорти содржат голем број корисни елементи што го поттикнуваат имунолошкиот систем, го оневозможуваат наталожување на масти во црниот дроб, штитат од појава на карцином и го олеснуваат варењето на храната. Го спречуваат појавувањето на кариес, дури подобро од пастата за заби (со миењето уништуваме 60% од бактериите во устата, а со јаболкото 90%). Плодот на јаболкото е богат со хранливи состојки чие количество зависи од видот и начинот на кој е одгледувано. Просечно, водата е застапена 82% од тежината на плодот, јаглехидрати 12%, масти и белковини 1%, целулоза 1%. Освен основните елементи, јаболкото има и низа други состојки неопходни за човековиот организам: шеќер (глукоза, фруктоза и сахароза), нетопливи влакна (пектин), органски киселини, сите есенцујални и неесенцијални аминокиселини, витамини, минерали и диетални влакна. Оваа овошје најчесто се јаде сурово, но исто така може да се пече, вари, суши, да се преработува во сок, мармалад, џем, желе, а популарен е и јаболковиот оцет кој се применува во традиционалната медицина поради присуство на калиум - минерална состојка неопходна за здравјето на организмот. Свежо јаболко се препорачува да се јаде половина час пред и неколку часа по оброкот. Јаболкото е редовна состојка во диетите за слабеење поради повеќе причини. Благодарејќи на пектинот, јаболкото создава чувство на ситост. Содржи моносахаридна фруктоза - шеќер што може да предизвика задоволување на потребата за благо, а да не дојде до големи промени во концентрацијата на глукоза во крвта.
Најновите истражувања покажуваат дека танинската киселина во јаболкото значително влијае врз метаболизмот на мастите и го оневозможува нивното таложење во црниот дроб.  Со јаболкото се внесува  и многу вода, витамини, минерали, влакна што помогаат при регулација на празнењето на цревата и дават чувство на ситост, а се забрзува и лачењето на мочта. Јаболкото има топчеста форма, а бојата на кората може да биде црвена, зелена, жолта или комбинација од тие бои, во зависност од сортата. Месаста, сочна внатрешност може да биде бела или со жолтеникава боја. При купувањето, плодовите треба да бидат цврсти и мазни на допир, сјајни, неоштетени и со цврста кора. Може да ги најдеме во текот на целата година, но најдобри се во периодот од октомври до април. Јаболкото влегува во група овошја што најдолго може да остане свежо. Доколку имате визба, може да ги чувате во дрвени сандаци, но да ги ставите што е можно подалеку од светлината, на стабилна температура и со доволно количество на влага. Во ладилник може да ги чувате во одделот за зеленчук и овошје неколку седмици. Важно е да ги ставите во хартиена или пластична амбалажа, бидејќи јаболката го ослободува гасот етен, кој го поттикнува зреењето на другиот зеленчук или овошје што ги чуваме во ладилникот. Доколку јаболката ги чувате на осветлено место, тие порано дозреваат, а ако се наоѓаат на суво место без доволно влага, плодовите ќе ја загубат сопствената вода и ќе се  збрчкаат. 
ВАРЕНИ ЈАБОЛКА СО ПУДИНГ
Потребно:
4 јаболки,
1 ванилин шеќер,
1 вреќичка пудинг од ванила,
500 ml млеко, 
40 g шеќер.
Подготовка:
Јаболките измијте ги, излупете ги и ставете во сад со  1/2 l зовриена вода во која сте додале ванилиниот шеќер. Варете ги јаболките околу 15 min.
Јаболките извадете ги во чинија и прелијте ги со пудингот, кој сте го свариле во водата во која се вареле јаболките. 
Послужете го овој десерт со бисквити, со пишкоти или со хопла. 
Загатка:
Во кошница има 5 јаболка , како да ги поделиш јаболката на 5 девојки и секоја да добие по едно јаболко, а да едното јаболко да остане во во кошницата ?






Нема коментара:

Постави коментар