Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

субота, 14. јануар 2012.

За секого по нешто


Рубикова коцка   (1974)

       Рубиковата коцка ја измисли унгарскиот вајар и професор по архитектура, Ерне Рубик, во 1974-та. До 1982-та во Унгарија беа продадени 10 милиони коцки, повеќе од бројот на жители во земјата. Се претпоставува дека ширум светот се продадени преку 350 милиони "унгарски коцки." Коцката е составена од 3 х 3 х 3 редови со помали коцки чии 6 страни се обоени во различни бои. 26 надворешни мали коцки се така споени, со што 6-те страни можат да се движат.
      Целта на играчката е да се постават сите нејзини делови, со цел секоја страна да биде во иста боја. Вкупно има 43.252.003.274.489.856.000 различни начини за составување на малите коцки. Кога би имале по една коцка за секоја од овие "легални" положби, би можеле околу 250 пати да ја покриете површината на планетава.





Сложувалка со 15 броја (1874)
      "Играта 15" предизвика вистински бум во 19-от век. Денес можете да купите варијанта на оваа игра која има 15 плочки со бројки и едно празно место. Задачата е да се наредат сите броеви од 1 до 15, со тоа што плочките се помрднуваат лево, десно, горе и доле. Играта во 1874-та ја измислил Нојес Палмер Чепман, шеф на пошта во Њујорк.




Нема коментара:

Постави коментар