Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

среда, 22. фебруар 2012.

МОЈАТА ТАТКОВИНА МАКЕДОНИЈА (Лешок)


ЛЕШОК 
          Лешок се наоѓа во северозападниот дел од Македонија на оддалеченост од околу седум колометри од Тетово на магистралата Тетово – Јажинце, на надморска височина од 500 – 700 метри, на падините на Шар Планина. Лешок изобилува со еколошки чиста природа. Бујната вегетација на Шара со големите пространства на шуми од костен, бука, даб, лешник, ореви, сливи, багрем и други растенија, заедно со шарпланинските реки: Лешочката Река и Бистрица во кои има речна пастрмка како и големите и долготрајни снежни наноси, кои овозможуваат воздухот да изобилува со кислород и климата ја прави пријатна за одмор и рекреација на посетителите. Во Лешок има неколку извори на кисела вода. Неколку километри од Лешок се врвовите Плоча (2200 m) и Три Воде (2300 m), кои се богати со дивеч. 
На околу два километри од Лешок во селото Џепчиште се наоѓа најмалиот етнолошки музеј на светот, кој располага со преку 1150 стари музејски експонати.
      Лешок како населба се спомнува уште во античкиот период и тоа како градска населба со развиен економски, општествен и духовен живот. Во средниот век се спомнува со името Легенград, од кој се зачувани остатоците од Лешочкото кале, кое се наоѓа на брдото веднаш над Лешочкиот манастирски комплекс. Месното население го нарекува Лешек. Во Лешок со околината имало 44 цркви. Денес во Лешок има три цркви и една капела – параклис (Св. Атанасиј од 14 век, Св. Атанасиј од 20 век, Св. Богородица од 19 век и капелата – параклис Св. Кирил и Методиј од 20 век сместена во конакот, како и остатоци од пет цркви и параклиси од средниот век (Св. Никола, Св. Врач, Св. Петка, Св. Марена и Св. Илија).
     Црквата Св. Атанасиј од 14 век (1321 год.), била седиште на првиот полошки епископ Јоаникије и со закон е прогласена за споменик на културата. 
   Значаен културен објект е и црквата Св. Богородица, 
која била доградена од македонскиот просветител и јеромонах Кирил Пејчиновиќ, а ја доградил на темелите на старата црква од среден век, поради што има многу фрески кои датираат од 17 и 19 век, од мијачките зографи Михаил и Панајот од Галичник со раскошен иконостас кој го изработил мијачкиот мајстор Михаил Ѓурчинов 1879 година.
Црквата Свети Атанасиј има долги традиции, богата и славна, но полна со трагични настани историја, при што повеќе пати е палена или уништувана и обновувана.
      Прв пат во 1690 година Турците ги разурнале и Лешочкиот манастир и црквата „Света Богородица“. Втор пат манастирот го кренале во воздух албанските терористи за време на конфликтот во 2001 година. Во манастирот е гробот на големиот македонски преродбеник Кирил Пејчиновиќ.
 Во април, Лешок го посетува птица преселница, пупунец.

понедељак, 13. фебруар 2012.

Известување за слободни ученички активности (прво полугодие 2011/2012)


Известување за слободни ученички активности


               Слободни ученички активности се спроведваат според програмата на клубот „Млади истражувачи“ која ги опфаќа сите ученички активнисти како од областа на природните науки така и од сите области за кои постои интерес кај учениците. Активностите се  одржуваат од вторник до петок, по редовните часови, а во нив ги додадовме додатната и дополнителната настаа. Наставата се одвива како во комбинирана паралелка и се задовлуваат потребите на сите учесници. Учениците учаат едни од други и меѓусебно си помагаат и мотивираат. Оние што ги совладале содржините од редовните часови се насочуват да изработуваат и прибираат материјали за разни натревари. Во септеммври научија да ракваат со флип – камера и да изработаат видео запси во Movie Maker. Приготвваат краткометражни филмови на разни теми (експерименти, насилство, толеанција) со кои учествуваме на разни натпревари, а по некогаш освојуваме и награди. Нашите средби, честопати траат и повеќе часови. Продуктите од нашите средби ги објавуваме на YouTube, на нашиот блог - school „Dimitar Miladinov“ Macedonia и на Thinkqust.
Од 01.09.2011 до 01.02.2012 имавме 18 средби (во часови = 36). На 12 средби учевме физика и хемија, некој да научи повеќе, некој да го совлада материјалот од редовната настава а останатите 15 средби, експриментиравме, фотографиравме, снимавме филмови, изработуавме честитки, маски, фустани, страничници и многу други интересни работи. ......... КРАЈ НА ПРВИОТ ДЕЛ

ЗОШТО ИМАМЕ ПОТРЕБА ОД СЛОБОДНИ АКТИВНОСТИ?
       Слободните активности овозможуваат стекнување на знаење, умеење и навики најчесто поради внатрешна мотивација. Новите знаења, умеења и навики преку овој вид активности полесно и потрајно се усвојуваат, бидејќи произлегуваат од внатрешно, слободно пројавентио интерес. Ученикот спонтано и самостојно се определува за свое ангажирање, колку и како сака. Училиштето преку слободните активности ги поврзува училиштето со семејството и со локалната самоуправа, учениците се докажуаат во соите знаења и умеења и го промовираат училиштето, општината, државата.
Плановите за слободните ученички активности опфаќаат три суштински прашања: колку часови ќе се работи во рамките на слободните ученички активности во текот на училишната година; кои области ќе бидаат застапени во работата; колку часови ќе се потрошат за активностите и место на работа. Во изготвувањето на програмата за работа, подеднакво земаат учество и учениците и наставникот од причини што и едните и другите имаат свој удел и улога во работата на активностите. За активностите е предвидено колку, кога и како ќе се одвиваат, со можност на промени во зависност од интересот и потребите на учениците.

Подрачја и области на активност
Содржини

Број на ученици во интересна група
Број на часови за работа
Место на работа
Физика, хемија, насилство во училиштата
Физички величини и нивни единици мерки,
Супстанци – својства,
Сценарио - насилство
4 + 30
3 + 5
16 од истите

2
1 :)
училница
Физика, хемија, насилство во училиштата
Физички величини и нивни единици мерки,
Супстанци – промени,
Книга на снимање - насилство
2 + 19
2 + 1
16 од истите
2
2 :)
училница
Физика, хемија, насилство во училиштата
Плоштина и волмен,
раствори, одделвање
Снимање - насилство
3 + 17
3 + 1
16 од истите
2
3 :)
училница
Физика, хемија, насилство во училиштата
густина,
раствори, одделвање, редокс реакции,
Снимање - насилство
0 + 17
1 + 1
16 од истите
2
4 :)
училница
Физика, хемија, насилство во училиштата
Маса и тежина, Омов закон,
раствори, одделвање, редокс реакции
монтирање филм - насилство
0 + 19
1 + 1
16 од истите
2
5 :)
кај Никола
Физика, хемија,
Машини, кндензатори.
Видови чисти супстанци, количество супстанца

3 + 9
2 + 1
2
6 :)
училница
Физика, хемија,
Движење, Моќност на ел. струја,
Хемиски симболи, Пресметување врз хемиска формула
0 + 7
2 + 1
2
7 :)
училница
Физика, хемија, пороци во семејствата
Движење, струјни кругови – задачи,
хемиски формули, пресметување врз основа на хемиска равенка
сценарио - пороци
5 + 19
3 + 1
16 од истите
2
8 :)
училница
Физика, хемија, пороци во семејствата
Движење, струјни кругови – задачи,
валентност, метали,
книга на снимање - пороци
2 + 18
0 + 1
16 од истите
2
9 :)
училница
Физика, хемија, пороци во семејствата
Движење, струјни кругови – задачи,
хемиски формули, пресметување врз основа на хемиска равенка
сценарио - пороци
1 + 18
0 + 1
16 од истите
2
10 :)
училница
Физика, хемија, пороци во семејствата
Движење, електромагнет– задачи,
валентност, метали
снимање - пороци
0 + 20
0 + 1
16 од истите
2
11 :)
училница
Физика, хемија, пороци во семејствата
Сили – сложување и разложување, електромотор,
реакции на соединување и разложување, метали,
снимање - пороци
4 + 15
0 + 1
16 од истите
2
12 :)
училница и продавнца
Физика, хемија, пороци во семејствата
Њутнови закони, електомагнетна индукција,
состав на атомот и електронскаобвивка, неметали,
монтажа - пороци
10 + 15
0 + 1
16 од истите
2
13 :)
училница
толеранција
Есеи, цртежи, снимање краткометражни филмови
20
2
14:)
училница
толеранција
Есеи, цртежи, снимање краткометражни филмови
18
2
15 :)
училница
толеранцја
Есеи, цртежи, снимање краткометражни филмови
16
2
16 :)
училница
толеранција
Есеи, цртежи, снимање краткометражни филмови
16
2
17 :)
училница
толеранција
Есеи, цртежи, снимање краткометражни филмови
16
2
18 :)
училница




19 :)
училница




20 :)
училница

Покрај редовните, имавме и вонредни активности како што се:
  1. ЕНО – ден за садење дрвја,
  2. ЕКО – модна ревија,
  3. ЕКО – маски и постери,
  4. Новогодишни желби – изработка на честитки,
  5. Уметност од отпадоци, и др.

учебна 2011 / 2012 год.
наставник Аида Петровска

недеља, 12. фебруар 2012.

Годишен глобален план по хемија за VIII одделение

Годишен глобален план по хемија за VIII одделение

 наставен предмет: ХЕМИЈА     одделение: ОСМО
училиште: „Димитар Миладинов“ наставник: Аида Петровска
место: Скопје учебна година: 2011/2012


бр.
НАСТАВНА ТЕМА
часови за
време на реализација
1*
2*
3*
4*
1
ОКСИДАЦИЈА И РЕДУКЦИЈА
3
2(2)
1
6(8)
1,2,3,4 септември
2
ХЕМИСКО СМЕТАЊЕ
5
2
1
8
1,2,3,4 октомври


3
МЕТАЛИ И НЕМЕТАЛИ
  1. МЕТАЛИ(општи својства на металите; калциум; алуминиум; бакар)
  2. НЕМЕТАЛИ (кислород; водород; јаглерод)

4

5

1

2

1

1
14
6

8

1,2,3,4 ноември

1,2,3 декември
4
ЈАГЛЕВОДОРОДИ
  1. ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА (состав, класификација)

3

2

1
16
6
4 нед. декември


1,2 јануари

ПРВО ПОЛУГОДИЕ
20
9(11)
5
34(36)


2. АЛКАНИ
3. АЛКЕНИ И АЛКИНИ
3
3
1
2

1
4
6
1,2,3,4 февруари
1 март
5
КИСЛОРОДНИ ОРГАНСКИ СОЕДИНЕНИЈА
  1. АЛКОХОЛИ
  2. КАРБОКСИЛНИ КИСЕЛИНИ


3
3


1
1



2
10

4
6


2,3,4 март
1,2 април
6
БИОСОЕДИНЕНИЈА
  1. ЈАГЛЕХИДРАТИ
  2. МАСТИ И МАСЛА
  3. БЕЛКОВИНИ
  4. ВИТАМИНИ

3
2
1
1

1
1
1
1

1


2
14
5
3
2
4


3,4 април
1,2,3,4 мај
1јуни

ВТОРО ПОЛУГОДИЕ
19
9
6
34


ПРВО И ВТОРО ПОЛУГОДИЕ
40
17(18)
11
68+4


Забелешка: 2 часа во прво полугодие и 2 часа во второ полугодие се оставаат да се распределат по потреба. Мали отстапувања од бројот на часови по одделни теми има, што е исто во согласност со насокита во наставнита програми.
Легенда:
1* - часови за нови наставни програми
2* - часови за повторување,вежби истражување и др
3* - часови за систематизирање
4* - вкупен број на часови

субота, 11. фебруар 2012.

ГОДИШНО ГЛОБАЛНО И ТЕМАТСКО ПРОЦЕСНО ПЛАНИРАЊЕ ПО ФИЗИКА ЗА VIII ОДДЕЛЕНИЕ


Годишен глобално и тематско процесно планирање по физика за VIII одделение 2011/2012

Цели на наставата по физика во VIII одделение:

Ученикот/ученичката:
1. Да се здобие со основни знаења за природните појави, телата и објектите во природата, физичките величини и нивните мерни единици, да ги знае и разбира физичките закони;
2. Да ја познава разликата меќу физичките величини и нивните мерни единици, а соодветно и разликата во нивното означување;
3. Да се воведе во основите на научниот метод на истражување;
4. Да се оспособи за едноставни истражувања (дефинирање на проблем или цел на истражувањето, поставување хипотеза, прибирање податоци, анализа и обработка на податоците, формирање на едноставна претстава (модел) за истражуваната појава;
5. Да се поттикне љубопитноста, да поставува прашања и истовремено да бара одговори на тие прашања;
6. Да се оспособи за користење на разни уреди и мерни инструменти;
7. Да ги применува своите знаења во практични активности и во ситуации од секојдневниот живот;
8. Да сфаќа за помошта и потребата од примена на информатичката технологија за совладување, проширување и продлабочување на знаењето на содржини од физика;
9. Да биде активен учесник во конструктивна соработка при тимска работа;
10. Да биде способен за решавање на нумерички задачи, за самостојно учење и самостојно решавање проблеми;
11. Да се поттикнува критичко мислење и да се буди креативноста;
12. Да ги разбира поимите: јачина на електрична струја, електричен напон, работа на електричната струја;
13. Да ги знае мерните единици за јачина на електрична струја, електричен напон, работа на електричната струја и да знае како соодветните инструменти (амперметар и волтметар) се поврзуваат во струен круг;
14. Да научи како да се заштити од струен удар;
15. Да ги идентификува магнетните појави и да знае за примената на постојаните магнети и електромагнети;
16. Да има основни познавања за составот, начинот на работа и примена на полуспроводничките елементи;
17. Да наведува различни светлински извори, огледала, оптички леќи;
18. Да ги разликува поимите осцилација и бран и има основни познавања запојавите поврзани со нив;
19. Да сфати дека звукот претставува бран (механички бран);
20. Да ја разбира градбата и функцијата на окото како оптички систем;
21. Да има основни познавања и да може да дискутира за составот и градбата на атомот и атомското јадро;
22. Да има основни знаења за радиоактивното зрачење и начините за заштита од радиоактивното зрачење.
ЗАДАЧИ ВО НАСТАВАТА ПО ФИЗИКА
- Усвојување на нови знаења потребни за разбирање на појавите и законитостите во природата и општеството;
- Стекнување на пошироки образовни потреби за полесно разбирање и усвојување на други содржини од областа на природните и општествените науки;
- Усвојување на методите на физичкото мислење кое се согледува во правилното расудување и заклучување;
- Развивање на способности за апстрактно мислење и логичко расудување.
 - Совладување на основните елементи на физичкиот јазик.
 Целите и задачите на наставата по физика поконкретно се утврдуваат при подготовка за ркеализација на наставната содржина.При тоа целите и задачите мора да бидат формулирани јасно, прецизно и еднозначно, затоа што само такви сочинуваат претпоставка за нивно остварување. Задачите мора да бидат формулирани така што да изразуваат конкретна активност на ученикот, да бидат реални, остварливи, мерливи и проверливи. 
Годишен глобален план по физика за VIII одделение



бр.


Наставни теми
Број на часови за

Време на
реализација
(месеци)
Обработка
на нов
материјал
Утврдување,
тестови
Активности,
вежби,
нум. задачи


вкупно
1.
Електрични и магнетни појави
21
3
11
35
IX, X,XI,
XI, XII, I,
II
2.
Осцилаи,
бранови и
звук
5
1
3
9
III, IV
3.
Светлински појави
12
2
6
20
IV, V
4.
Атомска и нуклеарна
физика
5
1
2
8
V ,VI
вкупно
44
15
13
72

I тема: Електрични и магнетни појави 

I тема: Електрични и магнетни појави
р.
бр.

Структура на темата
реализација
м
н
ч
1
Запознавање со програмата
9
1
2
2
Електрични полнежи и нивно заемно дејство

2
1
3
Електрони, јони и електрична струја


2
4
Струен круг и неговите елементи

3
1
5
Активности


2
6
Електрична струја, спроводници, изолатори и полуспроводници

4
1
7
Ефекти на електричната струја


2
8
Активности

5
1
9
Магнети. Магнетно дејство на електрична струја
10
1
2
10
Активности ( Лабораториска вежба )

2
1
11
Електричен напон


2
12
Електричен отпор

3
1
13
Активности ( Нумерички задачи)




2
14
Омов закон

4
1
15
Активности (Нумерички задачи )


2
16
Сврзување на потрошувачи во струен круг

5
1
17
Активности (Лабораториска вежба)
11

2
18
Електричен капацитет. Кондензатори

1
1
19
Работа и моќност на електрична струја


2
20
Активности ( нумерички задачи)

2
1
21
Контролен тест


2
22
Опасност и заштита од електрична струја и струен удар

3
1
23
Активности ( Повторување на темата)


2
24
Контролен тест

4
1
25
Електромагнетна индукција


2
26
Добивање на наизменична струја. Генератор
12
1
1
27
Трансформатор


2
28
Активности ( Повторување 25-27)

2
1
29
Полуспроводници


2
30
Полуспроводнички уреди. Диода, транзистори и интегрални кругови

3
1
31
Активности ( Повторување на темата )


2
32
Активности ( Повторување на темата )

4
1
33
Полугодишен тест


2
34
Анализа на полугодишниот тест
2

1

Цели на темата - со изучување на темата ученикот треба да ги постигне следните знаења и способности:
Да знаат:
- како се електризираат телата; врската меѓу структурата на материјата и електризирањето;
- поимот за електричната струја, проводници, полупроводници, изолатори.
- што претставува јачина на електричната струја, со што се мери и која и е мерна единица.
- од што зависи големината на електричниот отпор, неговата мерна единица и сo што се мeри.
- примена на Омовиот закон и Кирхофовите правила и нивно дефинирање.
-  според Џуловиот закон како се претвора електричната енергија во топлинска и др.
- дека електричната струја секогаш создава магнетно поле и насоката на тоа поле може да се определи.
- од што зависи големината на оваа сила и како се определува нејзината насока.
- како се добива индуцирана струја, од што зависи нејзината насока и големина.
- како се добива трифазна струја, нејзини карактеристики и примена.
- како се доведува ел. струја до домовите, да ги разликуваат проводниците и каде се врзува осигурувачот.
- за мерките на безбедност и заштита од несакани дејства на електричната струја.
- дека движењето на јоните е под дејство на електричното поле,
- како се електризираат облаците и како се празнат,
- основните карактеристики на празнењето низ разредени гасови,
- каква е функцијата на полупроводничките диоди и нивната градба,
Да умеат:
- практично да составуваат електричен струен круг и да го претстават шематски,
- шематски и практично да сврзуваат отпорници, сериски и паралелно,
- читајќи ја моќноста на разни апарати да пресметаат колку ќе се потроши од електричната енергија,
- да намагнетизираат и размагнетизираат магнет,
- да ги поврзуваат потрошувачите во електричен струен круг,
- да ги отстранат најелементарните дефекти (сменат светилка, осигурувач),
- шематски да ги претстават диодата, триодата, транзистор, 
ПОИМИ:
електризирање, електричен полнеж, електрично поле, електрична сила, електроскоп, инфлуентна машина, електрон, јон, елементарен електричен полнеж, спроводливост, кулон, електрична струја, струен круг, елементи на струен круг, извор на електрична струја, спроводник, изолатор, полуспроводник, јачина на електрична струја, ампер, амперметар, топлинско дејство, светлинско дејство, магнетско дејство, хемиско дејство, механичко дејство, магнет, магнетно поле на земјата, магнетни полови, магнетно поле, магнетно поле на прав спроводник, соленоид, електромагнет, магнетна сила, електромотор, електричен напон, волт, волтметар, електричен отпор, ом, специфичен електричен орпор, сериско и паралелно сврзување на отпорници, работа на електрична струја, џул, моќност на електрична струја, ват, потрошена електрична енергија, киловатчас, електричен капацитет, кондензатор, човеково тело како електричен спроводник, почвата како спроводник, струен удар, осигурувач, индуциран напон, електрична струја, електромагнетна индукција, ленцово правило, генератор, примарен калем, секундарен калем, нисконапонски трансформатор, високонапонски трансформатор, сопствена спроводливост, примесна спроводливост, н и п тип полуспроводник, диода, транзистор, интегрален круг.
АКТИВНОСТИ: 
1. Апликации за темата од Едубунту: Симулации од Phet (Physics Education Tehnology Project), балони, статички електрицитет, полнежи и полиња, Омов закон, електроработилница, Фарадеев закон, Фарадеева електромагнетна лабораторија;
2. Flash анимации за физика – Filed lines (електрично поле на точкаст полнеж), Water Analogy (аналогија на електричен круг со водена турбина)
3. Електризирање на тела: изолатори и спроводници;
4. Испитување на заемодејство помеѓу истоимено и разноимено наелектризирани тела со електроскоп;
5. Истражување за статичкиот електрицитет.
6. Составување на електричен струен круг со негови елементи: извор, потрошувачи, прекинувач, спроводници;
7. Шематско претставување на елементите од струјниот круг;
8. Сврзување на елементи во струен круг со амперметар имерење на јачината на струјата;
9.  Мерење на јачина на електричната струја со амперметри со различни мерни подрачја;
10. Да состави струен круг со кој ќе испита дали телото (супстанцата) е спроводник или изолатор;
11. Демонстрација на различни уреди во кои електричната струја, односно електричната енергија се претвора во други видови на енергија преку слики, слајдови, интернет или електрични апарати;
12. Магнетни силови линии, на разни видови магнет;
13. Постоење на магнетно поле околу проводник низ кој тече електрична струја;
14. Експеримент на Ерстед;
15. Магнетно дејство на соленоид и електромагнет;
16. Електромотор и изработка;
17. Сврзување на елементи во струен круг со волтметар и мерење на напонот помеѓу различни точки во струјниот круг;
18. Определување на зависноста на електричен отпор од должината, плоштината на напречниот пресек и видот на материјалот од кој е изработен спроводникот преку составување на струенкруг со различна должина, различна дебелина и различен материјал;
19. Составување на струен круг за проверка на Омовиот закон;
20. Графичко претставување на резултатите и изведување на заклучокот од графикот;
21. Определување на отпор на отпорник со непознат отпор;
22. Моќноста на различни потрошувачи во домаќинството;
23. Определување на вкупен отпор на сериски и паралелно сврзани отпорници;
24. ПРОЕКТ – Определување на потрошената електрична енергија во својот дом (Штедиме електрична енергија);
25. ПРОЕКТ – Струјата опоменува – Начини за заштеда на електричната енергија;
26. Индуцирање на струјата во спроводник кој се движи во магнетно поле;
27. Други начини за индуцирање на струја;
28. Употреба на магнетните појави во најновите достигнувања на науката;
29. Изработка на електричен мотор;
30. Изработка на трансформатор;
31. Принцип на работа на диода;
32. Примена на полуспроводниците во техниката и науката;
33. Истражување: Колку транзистоти има во мојот компјутер. 
АКТИВНИ МЕТОДИ НА ПОУЧУВАЊЕ: 
1. Засилено предавање,
2. Табела на поими, 
3. Бура на идеи, 
4. Шема и дијаграм, 
5. Грозд. 
Вештини 
1. Изведување на заклучоци,
2. Вршење споредба и проценка, 
3. Извор на релевантни податоци, 
4. Вежбање на тимска работа, 
5. Комуникација, 
6. Етичко однесување кон инструментите. 
ИНСТРУМЕНТИ ЗА ВРЕДНУВАЊЕ НА ПОСТИГАЊАТА: 
1. Нумеричка скала за оценување на тестови, 
2. Чек листи ( за изведбени активности ), 
3. Дескриптивна листа за оценување на писмени одговори, 
4. Дневник за учење.

На учениците редовно ќе им се укажува на успесите и пропустите преку усна и пишана повратна информација. 
УСЛОВИ ЗА РАБОТА (МАТЕРИЈАЛНОТЕХНИЧКИ И ДИДАКТИЧКИ СРЕДСТВА):
Кабинетска настава, различни методи и форми на настава, цртежи, нагледни средства, учебник, збирка задачи и сл. 
КОРЕЛАЦИЈА : 
а) ВНАТРЕШНА 
1. Поврзаност на сосржините од темата 
2. Користење на предзнаењата од математика, хемија и ТО 
б) НАДВОРЕШНА 
Користење на искуство од досегашните знаења, секојдневниот живот и со сите наставни предмети 
ЗАБЕЛЕШКИ ОД РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ТЕМАТА: _______.......
Тема бр. 2 :ОСЦИЛАЦИИ И БРАНОВИ. ЗВУК

II тема: ОСЦИЛАЦИИ И БРАНОВИ. ЗВУК ( 8 часа)

бр.
Структура на темата
реализација
м
н
ч
1
Осцилации.Основни поими
5
3
1
2
Браново движење

3
2
3
Активности (Повторување)
5
4
1
4
Особини на брановите

4
2
5
Звучни бранови
6
1
1
6
Активности (Повторување) -интеграција наживотната средина

1
2
7
Контролен тест
6
2
1
8
Анализа на контролниот тест

2
2

Цели на темата:
Да знаат:
- како се добива звукот и кои се карактеристики на звукот.
- што е звучен извор.
- како се пренесува звукот и од што зависи брзината на неговото простирање.
- што е ехо и каде се користи. 
Да умеат:
- да ги чуваат органите за слух одбегнувајќи ја бучавата и прегласните звуци
- да направат детски телефон, да го спречат создавањето на ехо во просториите каде не е пожелно и др. 
ПОИМИ:
Осцилација, фаза, хармониска осцилација, нишало, резонанција, бран, амплитуда, лонгитудинален бран, трансферзален бран, бранова должина, период, фреквенција, херц, брзина на бранот, одбивање на брановите, прекршување на брановите, извори на звук, брзина на звук, тонови и шумови, ултразвук, инфразвук, висина на тон, боја на тон, јачина на звук, бел, децибел, бучавата како загадувач на животната средина.
АКТИВНОСТИ:
- Апликации за темата од Едубунту: Симулации Phet (Physics Education Technology Project), Звучни бранови;
-  Flash анимации за физика – Temperament (извори назвук), tunefork (звучна вилушка);
-  Демонстрирање на создавање осцилации; 
-  Демонстритање на движење на нишало; 
-  Демонстрира ње на создавање и ширење на трансферзални и лонгитудинални бранови;
- Одредување на амплитуда и бранова должина на даден бран;
- Создавање на звук со разни звучни извори;
- Одредување на изворот на звук во зависност од карактеристиките на тонот;
- ПРОЕКТИ: Извори и приемници на инфразвук и ултразвук меѓу животните, Да се заштитиме од бучавата. 
АКТИВНИ МЕТОДИ НА ПОУЧУВАЊЕ:
1. Засилено предавање,
2. Табела на поими,
3. Бура на идеи,
4. Шема и дијаграм,
5. Грозд.
ВЕШТИНИ КОИ ЌЕ СЕ РАЗВИВААТ ОД СОДРЖИНА НА ТЕМАТА:
1. Изведување на заклучоци,
2. Вршење споредба и проценка,
3. Вежбање и развој на активно слушање,
4. Вежбање на тимска работа.
СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ВРЕДНУВАЊЕ:
Постигањата на учениците при реализацијата на предвидените содржини и активности ќе се проценува формативно за сумативни цели и сумативно за формативни цели. Бидејќи се проценуваат постигнувањата на учениците истите ќе се следат преку - Метод на набљудување, метод на усна проверка ( разговор и одговор на поставените прашања и задачи) и метод на оценување на писмени одговори. 
ИНСТРУМЕНТИ ЗА ВРЕДНУВАЊЕ НА ПОСТИГАЊАТА:
- Нумеричка скала за оценување на тестови,
- Чек листи ( за изведбени активности ),
- Дескриптивна листа за оценување на писмени одговори,
- Дневник за учење.
На учениците редовно ќе им се укажува на успесите и пропустите преку усна и пишана повратна информација.
УСЛОВИ ЗА РАБОТА (МАТЕРИЈАЛНОТЕХНИЧКИ И ДИДАКТИЧКИ СРЕДСТВА):
Кабинетска настава,различни методи и форми на настава, цртежи, нагледни средства,учебник, збирка задачи и сл.
КОРЕЛАЦИЈА:
а) ВНАТРЕШНА
- Поврзаност на содржините од темата
- Користење на предзнаењата од математика, хемија и ТО.
б) НАДВОРЕШНА
Користење на искуство од досегашните знаења, секојдневниот живот и со сите наставни предмети.
ЗАБЕЛЕШКИ ОД РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ТЕМАТА:__________......
Тема бр.3: Светлински појави ( 22 часа )

III тема Светлински појави


бр.
Структура на темата
реализација
м
н
ч
1
Ширење на светлината
3
2
2
2
Одбивање на светлината.Рамно огледало

3
1
3
Активности (Лабораториска вежба)


2
4
Сферно огледало

4
1
4.5
Активности (Лабораториска вежба)


2
6
Активности( Нумерички задачи)

5
1
7
Прекршување на светлината


2
8
Активности ( Повторување)
4
1
1
9
Леќи


2
10
Активности (Лабораториски вежби)

2
1
11
Активности (Нумерички задачи)


2
12
Тотална рефлексија

3
1
13
Активности (Повторување)


2
14
Разложување на бела светлина . Дисперзија

4
1
15
Активности (Повторување)


2
16
Човековото око како оптички апарат
5
1
1
17
Активности (Истражувачка активност)


2
18
Адитивно и супрактивно мешање на боите. Како човековото око разликува бои
5

1
19
Активности (Повторување) ) интеграција на животната средина


2
20
Активности (Повторување)
5

1
21
Тематски тест


2
22
Анализа на тематскиот тест
5

1

Цели на темата:
Со изучување на темата ученикот треба да ги постигне следните знаења и способности:
1. Да го објасни праволиниското ширење на светлината;
2. Да ја идентификува брзината на светлината како најголема брзина во природата;
3. Да ги објасни природните појави кои се последица од праволиниското ширење на светлината (сенка, полусенка, затемнување на Сонцето и Месечината, ден, ноч и др.;
4. Да опишува како се одбива светлината од предметите околу нас;
5. Да го објаснува законот за одбивање на светлината;
6. Да конструира лик во рамно огледало;
7. Да разликува реален од нереален лик;
8. Да ги наброи карактеристиките на ликот во рамно огледало;
9. Да разликува вдлабнато од испакнато огледало;
10. Да ги наброи карактеристичните величини кај сферното огледало;
11. Да ја објасни примената на сферните огледала во секојдневниот живот;
12. Да конструира ликови кај сферни огледала;
13. Да опише и нацрта прекршување на светлината при премин од поретка во погуста оптичка средина и обратно;
14. Да објасни зошто настанува прекршување на светлината и да го разбере значењето на индексот на прекршување;
15. Да разликува собирна од растурна леќа;
16. Да ги наброи карактеристичните величини кај леќите;
17. Да го скицира одот на карактеристичните зраци низ леќа;
18. Да конструира ликови кај тенка леќа и да определува каков лик се добива;
19. Да пресмета Јачина на леќа и да го разбира значењето на мерната единица диоптер (со знак + или -);
20. Да ја објасни примената на леќите во секојдневниот живот, во разни инструменти и оптички апарати;
21. Да ја објасни појавата на тотална рефлексија;
22. Да ја објасни тоталната рефлексија преку примери во природата (фатаморгана) како и примена во секојдневието (призми, оптички кабли);
23. Да објасни што претставува дисперзијата;
24. Да ја објасни сложеноста на белата светлина;
25. Да објасни како функционира човековото око;
26. Да ги наброи главните делови на окото и нивната улога во процесот на формирање на ликовите;
27. Да објасни што е кратковидост а што далекувидост и како се коригираат;
28. Да објасни како човековото око ги разликува боите околу него.
ПОИМИ:
Светлинскика, извор, светлински зрак, светлински сноп, праволиниско ширење на светлината, оптичка средина, сенка, брзина на светлина, рефлексија, рамно огледало, нереален лик, дифузно одбивање, огледална симетрија, сферно огледало, фокус, фокусно растојание, теме, оптички центар, оптичка оска, карактеристични зраци, прекршување  на светлината, индекс на прекршување, агол на прекршување, собирна леќа, растурна леќа, јачина на леќа, диоптер, лупа, тотална рефлексија, граничен агол, фатаморгана, оптичка призма, оптички влакна, дисперзија, монохроматска и полихроматска светлина, спектар на бои, виножито, очна леќа, мрежница, жолто петно, кратковидост, далекувидост.
АКТИВНОСТИ:
1. Апликации за темата Edubuntu симулации од PhET (Physics Education Tehnology Project)
2. Леќи – Flash анимации за физика, Reflection, Focus, Refraction
3. Активности кои го покажуваат коцептот за праволинискоширење на светлината; 
4. Одредување лик во рамно огледало;
5. Одредување на ликови во сферни огледала;
6. Демонстрација на прекршување на светлината;
7. Прекршување на светлината во природата;
8. Ласерски покажувач како извор на светлината при демонстрација на повеќе оптички појави;
9. Добивање на ликови кај оптички леќи;
10. Испитување на прекршување на светлината (тотална рефлексија)
11. Примена на појавата на тотална рефлексија;
12. Истражување за можните начини за разложување на белата светлина;
13. Набљудување на зраците низ призма;
14. Одредување на фокусно растојание и јачина на леќа кај очила;
15. Проектни задачи: Оптички недостатоци кај човековото око;
16. Биофизика на окото;
17. Еден ден кај оптичар.
АКТИВНИ МЕТОДИ НА ПОУЧУВАЊЕ:
1. Засилено предавање,
2. Табела на поими,
3. Бура на идеи,
4. Шема и дијаграм,
5. Грозд.
ВЕШТИНИ КОИ ЌЕ СЕ РАЗВИВААТ ОД СОДРЖИНА НА ТЕМАТА:
1. Изведување на заклучоци,
2. Вршење споредба и проценка,
3. Извор на релевантни податоци,
4. Вежбање на тимска работа.
СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ВРЕДНУВАЊЕ:
Постигнувањата на учениците при реализацијата на предвидените сосржини и активности ќе се проценува формативно за сумативни цели и сумативно за формативни цели. Бидејќи се проценуваат постигнувањата на учениците истите ќе се следат преку - Метод на набљудување, метод на усна проверка ( разговор и одговор на поставените прашања и задачи) и метод на оценување на писмени одговори.
ИНСТРУМЕНТИ ЗА ВРЕДНУВАЊЕ НА ПОСТИГНУВАЊАТА:
1. Нумеричка скала за оценување на тестови,
2. Чек листи ( за изведбени активности ),
3. Дескриптивна листа за оценување на писмени одговори,
4. Дневник за учење.

На учениците редовно ќе им се укажува на успесите и пропустите преку усна и пишана повратна информација. 
УСЛОВИ ЗА РАБОТА (МАТЕРИЈАЛНОТЕХНИЧКИ И ДИДАКТИЧКИ СРЕДСТВА)
Кабинетска настава, различни методи и форми на настава, цртежи, нагледни средства, учебник, збирка задачи и сл.

КОРЕЛАЦИЈА:
 а) ВНАТРЕШНА 
- Поврзаност на сосржините од темата.
- Користење на предзнаењата од математика, хемија и ТО.
б) НАДВОРЕШНА
- Користење на искуство од досегашните знаења, секојдневниот живот и со сите наставни предмети.
ЗАБЕЛЕШКИ ОД РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ТЕМАТА: _________
Тема бр.4 АТОМСКА И НУКЛЕАРНА ФИЗИКА ( 8 часа )


VI тема: Атомска и нуклеарна физика


бр.
Структура на темата
реализација
м
н
ч
1
Градба на атомот
5
3
1
2
Радиоактивно зрачење


2
3
Откривање на радиоактивното
зрачење и примена на радијацијата

4
1
4
Активност ( Повторување)


2
5
Примена на радиоактивното зрачење. Заштита од радиоактивното зрачење
6
1
1
6
Активности (Повторување) интеграција на животната средина


2
7
Контролен тест



8
Анализа на контролниот тест



Цели на темата:
Со изучу вање на темата ученикот треба да ги постигне следните знаења и способности:
1. Да има правилна претстава за структурата и димензиите на атомот и јадрото;
2. Да ги наброи составните делови на атомот;
3. Да го разбира биолошкото дејство на зрачењето;
4. Да го сфати принцип на работа на апаратите за откривање на радиоактивното зрачење.
Знаења и способности
Да знаат:
- градбата на атомот и што се изотопи.
- што е радиоактивност.
- видови на радиоактивно зрачење и нивни карактеристики.
- како функционираат апаратите за откривање на радиоактивноста.
- што се нуклеарни централи, нивните предности и недостатоци.
- како да се заштитиме од радиоактивното зрачење.
- последиците од радиоактивното зрачење.
Да умеат:
- да постапат правилно во случај на хаварија на некоја блиска нуклеарна централа.
- да ги препознаваат апаратите за откривање на радијацијата и др.
ПОИМИ:
Атом, атомско јадро, електронска обвивка, протон, неутрон, електрон, изолатор, радиоактивност, изотопи, период на полураспаѓање, спинтарископ, Гајгер-Милеров бројач, радиоактивните зраци.
АКТИВНОСТИ:
- Користење енциклопедии, фотографии, интернет (анимации и симулации на моделот на атомот, информации за настанати хаварии на нуклеарни централи). 
АКТИВНИ МЕТОДИ НА ПОУЧУВАЊЕ:
1. Засилено предавање
2. Табела на поими
3. Бура на идеи
4. Шема и дијаграм
5. Грозд
ВЕШТИНИ КОИ ЌЕ СЕ РАЗВИВААТ ОД СОДРЖИНА НА ТЕМАТА:
1. Изведување на заклучоци
2. Вршење споредба и проценка
3. Извор на релевантни податоци
4. Вежбање на тимска работа
5. Комуникација
СРЕДСТВА И ПОСТАПКИ ЗА ВРЕДНУВАЊЕ:
Постигањата на учениците при реализацијата на предвидените сосржини и активности ќе се проценува формативно за сумативни цели и сумативно за формативни цели. Бидејќи се проценуваат постигањата на учениците истите ќе се следат преку- Метод на набљудување, метод на усна проверка ( разговор и одговор на поставените прашања и задачи) и метод на оценување на писмени одговори.
ИНСТРУМЕНТИ ЗА ВРЕДНУВАЊЕ НА ПОСТИГНУВАЊАТА:
1. Нумеричка скала за оценување на тестови.
2. Чек листи ( за изведбени активности ).
3. Дескриптивна листа за оценување на писмени одговори.
4. Дневник за учење.
На учениците редовно ќе им се укажува на успесите и пропустите преку усна и пишана повратна информација.
УСЛОВИ ЗА РАБОТА (МАТЕРИЈАЛНОТЕХНИЧКИ И ДИДАКТИЧКИ СРЕДСТВА)
Кабинетска настава,различни методи и форми на настава, цртежи, нагледни средства, учебник, збирка задачи и сл.
КОРЕЛАЦИЈА :
а) ВНАТРЕШНА 
- Поврзаност на со содржините од темата.
- Користење на предзнаењата од математика, хемија и ТО.
б) НАДВОРЕШНА 
- Користење на искуство од досегашните знаења, секојдневниот живот и со сите наставни предмети.
ЗАБЕЛЕШКИ ОД РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ТЕМАТА: _______________