Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

недеља, 05. фебруар 2012.

Дополнителна настава по предметот хемија за VIII одделение

Програма за допoлнителна настава
по предметот хемија
за VIII одделение
учебна 2011/2012 година



Наставник: Аида Петровска


Дополнителната настава се организира по потреба, за учениците кои имаат потешкотии во учењето или побавно напредуваат. Во овој вид на настава се применуваат индивидуални форми на работа, како и групна работа во микро групи. Програмата за работа е според потребите индивидуално за секој ученик, во рамките на критериумите и стандардите за постигнувањата на учениците.

Наставни теми
тема бр. 1: Оксидационо - редукциони реакции

Наставни содржини:

1. Определување на оксидациони броеви
2. Некои поважни оксидационо-редукциони процеси

Цели:
Ученикот треба:
  • да препознава ознака за оксидационен број, оксидационо-редукциона реакција;
  • да наведува елементарни честички, во состав на атомот со нивните карактеристики;
  • интерпретира со свои зборови поми за : оксидација, редукција, оксидационо-редукциона реакција, оксидационо и редукционо средство;
Активности и методи:
  • Читање податоци за оксидациони броеви од периоден систем
  • Вежби за определување на оксидациони броеви;
  • Определување на можни реакции според напонски ред на металите;


Tема бр. 2: Основи на хемиското сметање

Наставни содржини:

1. Пресметување на релативна атомска и молекулска маса
2. Масени удели и пресметување врз основа на хемиска формула
3. Пресметување врз основа на хемиска равенка

Цели:
Ученикот треба:
  • да препознава ознаки за величини ( маса, количество супстанца, моларна маса, релативна атомска и релативна молекулска маса) и единици;
  • интерпретира со свои зборови поми за: физички величини и единици, количество супстанца и мол, Авогадрова константа, моларна маса, масен удел, количествен удел,стехиометриски коефициент;
Активности и методи:
  • препознавање ознаки за основните величини и нивните единици од ЅI системот, користејќи табела
  • мерењња и евидентирање на податоци во табела;
  • речавање задачи од количество супстанца, удели и односи

тема бр. 3: Метали и неметали

Наставни содржини:

1. Општи својства на металите и калциум
2. Наоѓање, добивање и својства на алуминиум и бакар
3. Својства на неметалите
4. Наоѓање, добивање и својства на кислород
5. Наоѓање, добивање и својства и соединенија на водород
6. Наоѓање, добивање и својства и соединенија на јаглерод

Цели:
Ученикот треба:
- да знае да го определува местото на металите и неметалите во периодниот систем
  • да.интерпретира со свои зборови поми за: метал, руда, минерал, јаловина, корозија, легура, рециклирање, неметал, алотропска модификација,,катализатор, ефект на стаклена градина;
  • да ги наведува соединенијата на калциум, алуминиум, бакар, кислород, водород и јаглерод
Активности и методи:
  • Идентификување на местото на металите и неметалите во периодниот систем;
  • Набљудување на примероци од збирка на руди и примероци од чисти метали (железо, бакар, алуминиум, олово, цинк и др)
  • Споредување и воочувањена сличности и разлики на одделни примероци;
  • Дискусија за својствата на овие метали и неметали;

тема бр.4: Јаглеводороди

Наставни содржини:

1. Поделба на органските соединенија и формули што се применуваат во органската хемија
2. Хомологија, изомерија и номенклатура на алкани
3. Својства и значење на алканите
4. Хомологија, изомерија и номенклатура на алкени
5. Хомологија, изомерија и номенклатура на алкини
6. Својства и значење на незаситените јаглеводороди
7. Својства и значење на пластични материјали и синтетички влакна


Цели:
Ученикот треба:
  • да препознае : алкани, алкени, алкини, според формулаѕа и името, и вид на хемиска врска во структурната формула;
  • Да ги итерпретира со свои зборови поимите: алкани, алкени, алкини, молекулска, структурна, рационална формула, хомологија, изомерија, јаглеводороди, супституција, адиција, поломеризација, радикали;
  • Да опишува физички својства на алкани, алкени и алкини;
  • Да ги именува првите десет члена од хомологната низа на алканите;
Активности и методи:
  • прикажување и дискусија по табела и шема за класификација на органските соединенија и табела со хомологна низа на алканите
  • Моделирање на молекули на алкани, алкени и алкини користејќи атомски модели;
  • Вежбање и пишување на структурни молекулски и рационални формули на алкани, алкени и лалкини, доколку е даден бројот на јаглеродните атоми и номенклатура на истите;
тема 5: Кислородни органски соединенија

Наставни содржини:

1. Состав, поделба и номенклатура на алкохолите
2. Добивање, својства и употреба на етанолот
3. Наоѓање, состав и номенклатура на карбоксилни киселини,
4. Добивање, својства и употреба на оцетна киселина

Цели:
Ученикот треба:
  • да препознава алкохоли и карбоксилни киселини според формулата или името;
  • да ги итерпретира со свои зборови поимите: алкохоли, хидроксилна група, ферментација, монохидроксилни, полихидроксилни алкохоли, карбоксилни киселини, карбоксилна група, естерификација, естери;
  • да опишува основни својства на: алкохоли, етанол, карбоксилни киселини, оцетна киселина;
  • да именува претставници од алкохоли и киселини,
  • да набљудува и опишува својства и промени на супстанците;
Активности и методи:
  • прикажување и дискусија по табела за хомологна низа на алкохоли и табела за карбоксилни киселини ;
  • Вежбање и пишување на структурни молекулски и рационални формули на монохидроксилни алкохоли и карбоксилни киселини и нивна номенклатура;
  • Дискусија за употреба на етанолот и оцетната киселина и за штетното влијание на алкохолот врз организмот;

тема 6: Биолошки важни соединенија

Наставни содржини:

1. Јаглехидрати- наоѓање, состав и поделба
2. Моносахариди – гликоза и фруктоза
3. Поим, состав и значење на дисахаридите
4. Наоѓање, состав и својства на полисахаридите
5. Состав, својства и значење на масти и масла
6. Наоѓање, состав и својства на белковини
7. Наоѓање, значење и именување на витамини

Ученикот треба:
  • да препознава: моносахариди, дисахариди, полисахариди, масти според формулата или името;
  • да ги итерпретира со свои зборови поимите:биогени елементи, биосоединенија, јаглехидрати, моносахариди, дисахариди, полисахариди, хидролиза, протеини (белковини), аминокиселини, пептидна врска, масти и масла, виши масни киселини, сапунификација, сапуни, коагулација, витамини;
  • да опишува основни својства на: јаглехидрати, белковини, масти и масла, преку нивни претставници;
  • да именува претставници од моносахариди, дисахариди и полисахариди
  • да набљудува и опишува својства и промени на супстанците;
Активности и методи:
  • прикажување и дискусија по табела со класификација на јаглехидрати;
  • вежби за докажување на скроб, масти и масла и белковини во прехранбени продукти
  • Дискусија за значењето на јаглехидратите, белковините, мастите и витамините за човекот;
Забелешка
Програмата за дополнителна настава може да претрпи промени во зависност од интересот и потребите на учениците.

Нема коментара:

Постави коментар