Реката се запознава со пливање, а човекот со разговор.

четвртак, 15. септембар 2016.

ЃУЛЕ



ЃУЛЕ - кугла, топка, обично железна, за спортски натпревар, а топка е просторот кој се наоѓа внатре во сферата.
  Сфера (грчки: σφαῖρα - „топка“) - совршено тркалезно геометриско тело. Како и кај кружницата (во две димензии), сферата претставува множество точки, сите подеднакво оддалечени (r) од дадена точка во просторот. Растојанието r е радиус на кружницата, а дадената точка О е нејзиниот центар. Најголемото растојание помеѓу две точки на сферата се нарекува дијаметар. Тој минува низ центарот на и е еднаков на два радиуса (2r).
Геометријата прави разлика помеѓу сфера (која е впрочем дводимензионална затворена површина вметната во тридимензионален простор) и топка, која е вистинско тридимензионално тело бидејќи го вклучува и внатрешниот простор на сферата.
 Топка – ѓуле - претставува дел од просторот заграден со сферна површина.
Постојат два вида на топки: 
отворена топка и затворена топка.
Отворена топка со центар во точката е множеството од сите точки од просторот кои се наоѓаат на растојание помало од   r од центарот О.
Затворена топка со центар во точката  O  е множеството од сите точки од просторот кои се наоѓаат на растојание помало или еднакво на r од центарот.
Значи, за разлика од отворената, затворената топка ја содржи и самата сфера како гранична површина.
Топката е незаменлив дел од многу облици на физички игри и затоа сигурно води потекло од најстари времиња. Помали топчиња имаат многу разни намени: во техниката како лагери, како тегови за мамци во риболовот, како зрна за муниција,...
Фрлање на ѓуле  е атлетска дисциплина која вклучува “ставање” на металната топка на рамото и со засиелн шут  фрлање  колку е можно подалеку.

петак, 12. август 2016.

Велигденски зајак

Кога воделе Христос на Голгота, за да биде распнат, во толпата бил и Симеон од Кирин со двете деца. Едниот син - Руфус носел со себе зајче. По едно време крстот паднал на земјата. Потоа се слушнал детски пискот. Се покажало дека крстот паднал врз зајчето и тоа умрело. Трогателниот плач на момчето го натерал Исус да се сврти и, покрај своите маки, да го допре животинчето и да му направи крстен знак. Зајчето оживеало и исплашено побегнало. Набргу потоа се појавило под крстот на распнатиот Христос. Кога вечерта учениците отишле да го земат телото на Спасителот, тоа уште било таму, а очите му биле црвени од тага и солзи. Ова зајче луѓето го нарекле Велигденски зајак.

Велигденски јајца

Велигденските јајца се обележје на големиот христијански празник Велигден. Јајцата се бојосуваат (вапцуваат) и се украсуваат во текот Велика недела (Страсна недела), најчесто на Велики четврток или Велики петок. Бојосаните јајца обично се ставаат во кошница наполнета со слама така што наликува на птичјо гнездо. Обичај кај сите христијани бил и се уште е дарувањето велигденски јајца. При тоа се водело сметка секој член на семејството и секој гостин да добие јајце со одредена симболика; момчињата и девојките добивале јајце со исцртано венче за да си најдат животен сопатник, а деверот добивал јајце исцртано со будилник или рака со прстен, часовник и цвеќе.
При капењето на децата, во водата се ставало црвено јајце и со него им се триеле челото и образите за да бидат црвени, како симбол на здравјето. Првите бојосани јајца биле наменети за куќата, за Господ и по едно за секој член од семејството. Се верувало дека токму првобојадисаното јајце има голема заштитна моќ, па затоа било за заштита одградоносни облаци, за подобар род на полињата го закопувале во земја на лозјето или во нивата. Се сметало дека дури и лушпите од велигденското јајце имаат заштитна функција. Има различни легенди за традицијата за вапцување јајца. Една од нив е дека кога Исус Христос бил распнат на крстот, една кокошка дошла и под него снесла јајце. Крвта од лицето на Исус капела врз него и го обоила во црвено. Затоа и денес првото јајце се бојадисува во црвено, а потоа најстарата жена во семејството со него ги трие децата по образите или им исцртува крст по челата за здравје. Останатите јајца се обојуваат во различни бои и се цртаат. Сината боја ја симболизира непорочноста, виолетовата - крстот, зелената - Христовите ученици, а жолтата – самиот Бог.

четвртак, 11. август 2016.

Велигден

Велигден и празниците кои се поврзани со него се подвижни празници, тие не паѓаат на ист датум секоја година споредгрегоријанскиот (цивилниот календар) или јулијанскиот календар (кои го следат движењето на Земјата околу сонцето и годишните времиња). Тие се фиксни според лунарниот календар кој е сличен, но не ист со еврејскиот календар.
Велигден се празнува после еврејскиот празник Пасха (хеб. pessach), во првата недела после полна месечина, која што е на самиот ден на пролетната рамнодневница или непосредно по неа. Во периодот од 1900 до 2100 година Велигден може да се падне помеѓу 4 април и 8 мај.
Во православието, подготвувањата започнуваат со Великите пости. По петтата недела (ден) од великите пости доаѓа Цветната недела, која завршува со Лазарова сабота. Овој ден го означува завршетокот на Великите пости, иако празникот продолжува и следната недела.

Водици или Богојавление

Водици или Богојавление е денот на кој, според христијанското предание, Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Се прославува на 19-ти јануари кај црквите што го користат Јулијанскиот календар. Со тоа му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата.

Божик


Божик е Господски празник и се празнува во спомен на раѓањето на Господ Исус Христос. Овој празник е матица на сите други црковни празници, бидејќи со Христовото раѓање се смета и почетокот на новата ера.

Бадник или Коледе



Бадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6. јануари секоја година, а Божиќ на 7. јануари. Зборот Бадник веројадно доаѓа од старомакедонскиот збор - да бидеш буден. Таа ноќ, како што запишал Шапкарев, „сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: бадник – будник“.

Ураган

Ураган е жестока тропска бура со ветер кој дува спирално кон внатре, каде се наоѓа средиштето со низок притисок, таканаречено око на ураганот. Некој урагани остануваат на океанот и траат неколку дена некој траат три до пет недели и ги пустошат островите и бреговите со див ветар, буроносен дожд и џиновски бранови. Бура во создавање може да помине 2000 km преку океанот пред да се претвори во ураган. Многу урагани се движат кон запад со брзина од 19- 28 km/h. Големината на ураганот: пречник од 300 до 3000 km. Ветерот се врти околку окото со брзина од 360 km/h. Окото може да има прчник од 50 km со благ ветер и малку облаци и дожд.

Сончев часовник

Во 1500 година пред новата ера, Египќаните почнале да го употребуваат сончевиот часовник, најстарата направа за мерење на времето. Како што сонцето се движи од исток кон запад, сенката на стрелката се движи околу скалата. Времето се определува според тоа на која бројка стои сенката. Но, овој часовник работел само додека е сончево, а додека ноќе, или кога било облачно или врнежливо, луќето немале можност за мерење на времето.

Грегоријански календар


 Грегоријанскиот календар е календар кој денеска се користи во Европа, поранешните европски колонии како и поголемиот дел од светот. Тој е модификација на Јулијанскиот календар, и првпат бил предложен од неаполскиот доктор Алојзиј Лилиј, а бил прифатен со декрет на папата Григур XIII, по кого е и наречен.Грегоријанскиот календар е сончев календар, зависи од вртењето на Земјата околу Сонцето. Според грегоријанскиот календар секоја година има 365,2425 денови, секој ден 24 часа, секој час 60 минути, секоја минута 60 секунди.
Лесен начин да се запамти колку денови има даден месец е да се стиснат двете раце во тупаници и да се доближат една со друга кај палците. Потоа се бројат коските и вдлабнатините меѓу прстите. Почнувајќи, од коската на малиот прст на левата рака, се набројуваат месеците од Јануари. Броејќи коска, вдлабнатина, коска, вдлабнатина се до Декември. Коските преставуваат месеци со 31 ден, вдлабнатините преставуваат месеци со 30 денови (со исклучок на февруари).

Декември

Дванаесеттиот месец, а воедно и последен во годината, е месецот декември. Декември е зимски месец. Од астрономски аспект месецот е важен затоа што околу 22-от ден од месецот започнува зимата, односно Сонцето се наоѓа во зимскиот солстициј (зимска повратна точка). Со почетокот на зимата и денот е најкраток за сметка на ноќта. Името на месецот потекнува од латинскиот збор decem што во превод значи десет (месецот декември за време на Помпилиј бил десетти по ред).

Ноември

Единаесеттиот месец во годиата е ноември. Ноември е типичен есенски месец, со кратки денови и појава на првиот мраз. Името на месецот потекнува од латинскиот збор novem што значи девет. Во првобитниот календар на Помпилиј, овој месец бил деветти месец во годината. Во почетокот, месецот имал 29 дена, но со реформата на Цезар на овој месец му се додадени два дена. Па така, сe до 8 год. п.н.е. овој месец имал 31 ден. Но, повторно при преименувањето на Sextilis во Augustus, за да не се појават два месеца по ред кои ќе имаат по 31 ден, од ноември е одземен еден ден и додаден на последниот месец - декември.

октомври

Десеттиот месец во годината е месецот октомври. Тоа е класичен есенски месец. Од астрономски аспект во овој месец не се случува ништо позначајно. Деновите се доста пократки од ноќта, а времето е постудено. Името на месецот потекнува од латинскиот збор oktober што во превод значи „осми месец“. За време на владеењето на Помпилиј, октомври имал 30 дена. Но, при преименувањето на Sextilis во Augustus и при појавата на трите месеци по ред со по 31 ден (јули, август и септември) од месецот септември е одземен еден ден и е додаден на октомври. Од тогаш, октомври има 31 ден.

септември

Деветтиот месец во годината е септември. Со овој месец започнува есента и тоа околу 23-от ден во месецот. Во овој месец се забележува дека деновите стануваат пократки и постудени. Во астрономијата е важен заради есенската рамноденица, кога Сонцето од северната се префрла на јужната полутопка и со тоа почнува есента. Името на месецот потекнува од зборот septem што значи „седми месец“ (во римско време тој и бил седми месец). При реформата на Цезар на месецот септември му се додадени два дена, така да месецот имал 31 ден. Во осмата година п.н.е., при преименувањето на месецот Sextilis во Augustus, месеците јули, август и септември имале по 31 ден. Сенатот не можел да си дозволи три месеци по ред да имаат по 31 ден и затоа решиле на септември да му скратат еден ден. Јули и август биле поштедени затоа што ги носеле имињата на Јулије Цезар и неговиот посвоен син.

Август

Осмиот месец во годината е месецот август. Спаѓа во летните месеци и, како и јули, е еден од најтоплите месеци. За време на Римската империја името на месецот било Sextilis, што значи „шести месец“ и имал 29 дена. Но, во осмата година пред Христа, Римскиот сенат донесува одлука овој месец да се преименува во Augustus во чест на Октавијан Август, посвоениот син на Јулије Цезар и прв Римски цар. За време на реформата од страна на Цезар, на месецот Август му е додаден уште еден ден, а по преименувањето од Sextilis во Augustus месецот добива уште еден ден (кој е одземен од февруари) и така се доаѓа до бројката од 31 ден.

Јули

Седмиот месец во годината е јули. Тој е летен месец и спаѓа во најтоплите месеци во годината. Јули своето име го добил по Римскиот император Јулије Цезар. За време на Помпилиј месецот јули се викал Quintilis (петти месец), но со самата реформа на календарот (во 46 год п.н.е од страна на Јулије Цезар) Римскиот сенат донесува одлука седмиот месец да се нарече Julius во чест на императорот. И самиот Цезар е роден на 12 или 13 јули 100 год. п.н.е. (а убиен во 44 год. п.н.е.).

јуни

јуни - месец кога започнува летото на северната полутопка. Летото започнува на 21 или 22 јуни. Денот на северната полутопка е најдолг во годината и во астрономијата е познат уште како летен солстициј (летна повратна точка). Се претпоставува дека името на месецот потекнува од Римската божица Јунони - божица на породувањето и заштитничка на браковите и мажените жени. Јуни има 30 дена.

мај

Месецот мај е петтиот месец во годината и е можеби најубавиот пролетен месец. Името мај најверојатно го добил по староиталската божица Маја, божица на природата, билките и плодната земја. Во мај се буди природата, растенијата процутуваат, денот е поголем, времето е потопло (без високи температури) и затоа месецот мај е најомилен кај народот.

Април

Април е четвртиот месец во годината и спаѓа во пролетните месеци. Името на месецот во Римската држава бил наменет за божицата Венера. Според едни, името е поврзано со божицита Афродита, а според други, потекнува од латинскиот збор aperire што значи „се отвара“. Претпоставката е дека во месец април цутат (се отвараат) цветовите, па од таму потекнува и името на месецот.
Шеговитоста на месецот потекнува од 1860 година кога 100-тина благородници од Лондон примиле покана да присуствуваат на капењето на белиот лав во едно езеро покрај градот. Многумина се одзвале на поканата, но се покажало дека сепак се работи за шега и дека не постои никаков бел лав.

Mарт

Месецот март е третиот месец во годината. Тоа е месец на пролетната рамноденица (еквоницијум) и месец кога започнува пролетта. Тогаш Сонцето од јужната преминува на северната полутопка. Името на месецот март потекнува од Римскиот бог на војната Марс.

февруари

Вториот месец е месецот февруари, најкраткиот месец во годината. Февруари има 28 дена и секоја четврта година (секоја престапна година) му се додава уште еден ден - 29.Името февруари е добиено од латинскиот збор fevruaris што значи „да се чисти“. Месецот февруари бил последен месец во годината и тогаш се чистеле храмовите и улиците во чест на доаѓањето на новата година.

Jануари

Првиот месец во годината е месецот јануари и со него започнува секоја нова година. Што се однесува до астрономијата, на овој датум (1 јануари) во Вселената не се случува ништо значајно, што значи дека празникот 1 јануари или Нова Година е вештачка творба на човекот. Самото име јануари потекнува од името на Римскиот бог Јанус, бог на сите почетоци, па според тоа логично е и месецот јануари да биде почетен месец. Така при оваа реформа месецот октомври, кој во тоа време бил осми месец (што може да се види од неговото име), станува десетти месец, а месецот декември (според името значи десетти) станува дванаесетти месец.

Нова година

Евреите новата година ја слават на 6 септември, а Кинезите некаде околу крајот на јануари и почетокот на февруари. Според Исламскиот календар, новата година (1426) започна на 10 февруари 2005 година, а според стариот Јулијански календар, новата година започнува на 14 јануари (датум кој во нашата држава сe уште се прославува како Стара Нова Година). За време на Римското царство, календарот се состоел од 10 месеци (месеците јануари и февруари не постоеле во овој календар). Јануари и февруари во календарот ги вовел Numa Pompilis (еден од седумте кралеви на Рим, 715 – 673 год. п.н.е.).

Јулијански календар

Јулијански календар
Името на овој календар потекнува од големиот Римски владетел Гај Јулије Цезар (100 - 44 п.н.е ) За таа цел, Цезар го ангажирал познатиот египетски математичар и астроном Сосагена од градот Александрија. Како основа на Јулијанскиот календар е земена сончевата (или тропската) година. Тоа е временски период за кој Сонцето прави два последователни премини низ точката на пролетна рамноденица. Sosagena тој бил голем и добар реформатор. На стариот Римски календар тој му додал уште два месеци (во Римскиот календар годината имала 10 месеци) и за почеток на годината го одредил 1 јануари, а не 1 март, како што било до тогаш. Во годината, која била поделена на 12 месеци, седум месеци имале по 31 ден (јануари, март, мај, јули, септември, октомври и ноември), четири месеци имале по 30 дена (април, јуни, август и декември) и еден месец (месецот февруари) имал 28, односно 29 дена кога годината е престапна.

Летен и зимски солстициј

Летен и зимски солстициј - Во летен солстициј (или летна повратна точка) Сонцето ја достигнува својата највисока положба над небесниот екватор (гледано од северната хемисфера на Земјата). Тоа е периодот околу 21 јуни, кога на северната полутопка почнува лето, а на јужната зима. Тогаш, на местата кои се наоѓаат на северна географска ширина од 23,45 степени, точно на пладне сончевите зраци паѓаат под агол од 90 степени. На северниот Пол, точно на пладне, Сонцето се наоѓа на висина од 23,45 степени, а Јужниот Пол е во темница (во Скопје: 90 – 42 + 23,45 = 71,45 степени).
Зимската повратна точка, или зимскиот солстициј, паѓа околу 21 декември. Тогаш Сонцето (гледано од северната хемисфера) ја достигнува најниската точка од 23,45 степени (точно на пладне). На северната полутопка почнува зима, Северниот Пол е во темница, а на Јужниот Пол Сонцето на пладне е на висина од 23,45 степени (во Скопје: 90 – 42 – 23,45 = 24,45 степени).

Пролетна и есенска рамноденица

Пролетната рамноденица е една од имагинарните точки во која еклиптиката го сече небесниот екватор. Сонцето во оваа точка се наоѓа секоја година околу 21 март. Во тие моменти осветлени се двата пола на Земјата (и Северниот и Јужниот), а на екваторот, точно на пладне, сончевите зраци паѓаат под агол од 90 степени (во Скопје под агол од 90 – 42 = 48 степени). Тогаш на северната полутопка почнува пролет, а на јужната есен.
Есенската рамноденица е другата имагинарна точка во која еклиптиката го сече небесниот екватор. Сонцето во оваа точка се наоѓа секоја година околу 23 септември, кога на северната полутопка почнува есен, а на јужната пролет.

Еклиптика

Еклиптиката е голем круг на небесната сфера, по кој Сонцето привидно се движи во текот на годината, при тоа поминувајќи низ 13 соѕвездија наречени зодијачки соѕвездија (тринаесеттиот зодијачки знак е Змијоносец). Во однос на небесниот екватор, еклиптиката секогаш е наклонета за 23 степени и 27 минути и го сече во двете рамнодневни точки (еквиноции), односно точките на пролетна и есенска рамноденица.

Тропска година и Сидеричка или ѕвездена година

Тропска година е временски период за кој Сонцето прави два последователни премини низ точката на пролетна рамноденица. Тропската година просечно трае 365,24218967 дена или 365 дена, 5 часа, 48 минути и 46 секунди. Ако сметаме во часови тоа е 8765,81256 часа.

Сидеричка или ѕвездена година се дефинира како времето кое поминува помеѓу две идентични положби на Сонцето во однос на далечните ѕвезди. Поради прецесијата, сидеричката година е подолга од тропската за 20 минути и 26 секунди.

Нил

 Нил е најголема река во Африка, долга околу 6 500 km и е втора најголема река по должина во светот, веднаш по реката Мисисипи. Правецот на нејзиното течење е север - југ и таа претежно тече низ пустинските предели на Судан и Египет. Секоја година во Египет во месец јули почнува да се зголемува водостојот на Нил и тоа продолжува сé до октомври, кога нивото на водата може да се искачи и до 7 метри.

Глобус

Глобусот е поделен со 360 меридијани, и 24 часовни зони.

Леден музички фестивал

Terje Isungset  има свирено внатре во заледени водопади, на врв од 3000 метри на глечер. На масивни ледни санти и на температура и до -33 степени Целзиусови.
Иако можеби звучи чудно, но овој прв и единствен леден музичар, овие услови за работа се составен дел од неговата кариера. Овој Норвежанин свири на ледени инструменти повеќе од 10 години и е основач на норвешкиот годишен Леден музички фестивал. Љубов кон „ледената музика“ за првпат почувствувал на 20 години, кога бил повикан да свири на концертот под замрзнатиот водопад. Како инструменти користи сталактити и сталагнити образувани природно во текот на грубата норвешка зима. На неговиот репертоар има тапани, тромбон, харфа, труба..  Најнеобичниот инструмент што го има направено од мраз е леден тромбон издлабен во 2500 години стар глечер. До сега имал 50 настапи, што во ледени стандарди е долг период.

Кожен чевел од Ерменија

Археолози во Ерменија пронашле кожен предмет кој датира од пред 5.500 години и за кој се верува дека е најстариот кожен чевел во светот.

Земјотрес

Разорниот земјотрес кој ја погоди Јапонија го намали денот за 1,6 микросекунда, а оската на ротација на планетата земја е поместена за 10 сантиметри. Навлегувањето на една под друга континентална плоча, кои пливаат на магма под земјината површина се причина за земјотресот.

Галаксија

Галаксија претставува гравитационен спој од ѕвездени системи, меѓуѕвездена прашина, плазма и црна материја. Типичните галаксии бројат  од 10 милиони до 1 трилион ѕвезди, кои орбитираат околу заеднички центар на гравитација. Поголемиот дел од галаксиите се протегаат и до повеќе од неколку илјадници светлосни години во дијаметар.

Најсјајна ѕвезда

Како најсјајна ѕвезда забележана во пишаната човекова историја, се смета појавата на суперновата експлозија на една стара ѕвезда забележана во 1006-та година. Во таа година според записите во Кина, Јапонија и некои арапски земји, на небото одеднаш засветела многу сјајна ѕвезда во соѕведието Волк јужно од Шкорпија. Ѕвездата била толку сјајна што предметите формирале сенка од нејзината светлина.

Голем дел од Земјата ќе се претвори во пустина

Високите температури до 2100 година голем дел од Земјата ќе го претворат во пустина. Поради недостиг на храна и питка вода ќе дојде до масовно изумирање на живи суштества, вклучувајќи и луѓе, чија популација би можела од сегашните седум, да се намали на една милијарда, предупредува Џејмс Лавлок, еден од водечките британски експерти за климатските промени.

Раб на вселената

Научниците конечно прецизно го одредија т.н. раб на вселената - границата помеѓу Земјината атмосфера и надворешната вселена. Со податоците од новите инструменти кои ги развија научниците од Универзитетот во Калгари, Канада, утврдено е дека вселената започнува на 118 километри над површината на нашата планета.

Вода на Марс

Судејќи по новите докази, по се изгледа дека на Марс, четвртата планета во нашиот Сончев систем, пред милион години течеле води. Новите фотографии кои на Земјата ги прати леталото на NASA кое орбитира околу црвената планета, покажуваат лепеза на длабоки бразди на површината кои се стари околу 1.25 милион години.

Магнетно поле на Земјата

Последните набљудувања и снимки на нашата планета од страна на НАСА лeталото “Имиџ” и сателитот “Кластер” на Европска вселенска агенција, покажуваат дека во магнетното поле на Земјата се појавуваат огромни пукнатини.

Tелескоп Кеплер

Aмериканската вселенска агенција НАСА го лансирала телескопот Кеплер чија мисија ќе биде да бара планети слични на Земјата. Стручњаците велат дека има стотици такв планети, а овој сателит ќе се задржи на снимање на просторот од Млечниот пат.

Џебови со смрзната вода на Месечина

Големи џебови со неколку милиони тони смрзната вода се откриени на северниот пол на Месечината.

Пронајдена пештера на месечината

Уште во 2009. година јапонската вселенска агенција Јакса соопшти дека нивната сонда пронашла на Месечината дупка доволно длабока во неа да се изгради помала база. 

Окото на Саурон

Сите сте слушнале за Господарот на прстените и Сауроновото око, но дали сте слушнале за галаксијата NGC 4151 или како што астрономите го нарекуваат нејзиниот центар Окото на Саурон?

Свинга

Свингата се состои од човечка глава (знакот Водолија), биста бик (знакот Бик), Орловски крилја (знакот Скорпија) и заден дел (знакот Лав). Сфингата содржи во себе природен и астролошки принцип, четири клучни знаци од зодијакот, од кои што секој преставува една четвртина од животот, една годишна доба и друштвено уредување (четири елементи: воздух, вода, оган и земја).

Вода

Просечно човек пие по 75.000 литри вода во својот живот.

Кивање

Не можете да кивнете со отворени очи.